Опозицијата во Македонија не знае како се прави држава. Тие мислат дека држава може да функционира како пред неколку векови каде што се што сме го јаделе ќе никне како некој домат или краставица, ќе ги обереш, ќе ги изедеш и така ќе живееш.
Не разбираат што е безбедност, што е трговија што е интеграција, колку е битно со соседите да имаш добра инфраструктура, да имаш добра соработка, дека од тоа ти зависат плати, дека од тоа зависи буџетот колкав ти е, курсот на денарот, тоа нив не можеш да им го објасниш, тоа за нив е научна фантастика.
Тие мислат дека треба да живееме сами и изолирани како слепо црево и да им кажеме ,,НЕ” на сите, на бугари и на грци.
Саше Политико за бугарската телевизија ,,СКАТ”.