Саше Димовски: Судското безобразие кулминираше, наједноставно е да се укине Катица Јанева!

0
522

Владејачкото мнозинство смисли нова стратегија, па во судовите со проширена надлежност формираше наменски совети. Судии, кои немаат допирна точка со кривичната материја ќе ценат дали има основ за притвор или не. Ова е безобразен обид за контрола на сите постапки,  коментира за Фактор Саше Димовски. Според, новинарот Димовски кој веќе неколку години ја следи работата на судството ова е безобразен обид за контрола на сите постапки.

„Но за мене, многу поелегантно е решението Уставниот суд кој загази длабоко во неправдата, да го укине Специјалното обвинителство  отколку да го мачи целиот државно – партиски апарат да измислува вакви решенија за опструкции на СЈО“  .

Според Димовски, за независен и нерпристрасен судски систем ќе може да се зборува тогаш кога низ судските врати  ќе се пропуштат само оние судии кои ќе поминат низ „скенерот“ на граѓаните во чие име ги носат одлуките, а не низ разни партиски штабови и „тефтерчиња“ на министри.

„Партиите на власт во Македонија се надминаа себеси и целосно го применија системот „дали овој е целосно наш и секогаш ќе застане зад нас кога ќе има потреба“ (дел од разговор Гордана Јанкулоска – Марјан Ристески за избор на судија во битолска апелација). Тој систем доведе од 650 судии, над 500 да бидат избрани според „тефтерчето“,  потенцира Димовски.

Целото интервју ОВДЕ