САУТЕМПТОН САКА ДА ГО КУПИ МИОВСКИ, АБЕРДИН БАРА 6 МИЛИОНИ ФУНТИ

0
266

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по одличните игри во дресот на Абердин го привлече вниманието на повеќе клубови од Островот. Најконкретен е Саутемптон, членот на Чемпионшип, кој сака да го доведе одличниот напаѓач во зимскиот преоден рок.

Покрај Саутемптон, одреден интерес за Миовски покажува и шкотскиот гигант Селтик. Сепак, Абердин не сака така лесно да се откаже од Македонецот и за него бара отштета од 6 милиони фунти.

Бојан Миовски во досегашниот тек од сезоната постигна 14 гола во дресот на Абердин во првенството на Шкотска.