САРАЧИНИ: ШТО ИМ ДОЛЖИМЕ НА ЗАПАДОТ, САД И НАТО, А ШТО НА РУСИЈА?

0
640

Неповратната финансиска помош од САД во овие 30 години македонска независна држава изнесува околу 4 милијарди долари. Додадете на тоа уште пар милијарди најмалку, ако се пресмета помошта од други западни земји-сојузнички, пред сè Германија и Холандија. Од тие пари се изградени болници, училишта, градинки, патишта, водоводи, канализации и многу други работи.

А Русија? Русија, не дава помош, дури, сè уште нѝ должи пари од клириншкиот долг кон поранешна СФРЈ, во кој македонскиот дел е околу 60 милиони долари.
Но и Русија „инвестира“ кај нас – не во училишта, патишта, инфраструктура итн. туку во пропагандна машинерија која ја полни нашата јавност со гнев, говор на омраза и лажни вести.
Првата голема сила што зборуваше за независна Македонија е САД, преку претседателот Вилсон на почетокот на 20 век.

Првата земја што донесе војска на македонската граница и ја гарантираше независноста и територијалниот интегритет наспроти наапаниот балкански сатрап Милошевиќ беа САД.
Интервенцијата на САД и НАТО земјите беше клучна и за спас на земјава од војна во 2001-ва, како и од државниот удар кој требаше да ја внесе земјата во граѓанска војна по 27 април 2017та.

А Русија? Русија е творецот на санстефанска „голема“ Бугарија, во која Македонија е само провинција, а Македонците – Бугари. Русија го поддржа и Букурешкиот договор за поделба на Македонија во 1913 година.
Русија го поддржуваше и Милошевиќ во неговите апетити за „голема“ Србија. Во тие планови, Македонија беше – Јужна Србија, а Македонците – „Срби со тешката говорната маната“.

Русија и нејзината пропаганда постојано работи на дестабилизација на Македонија, поттикнување на меѓуетнички и внатреетнички конфликти во земјава.

Толку за тоа – што му должиме на Западот, САД и НАТО сојузниците, а што ѝ должиме на Русија, во овие денови, кога најголемата руска инвестиција во земјава, руската пропаганда, е пуштена на максимум. ☝
#KoRazumeShvatice