Monday, May 19, 2025
8.8 C
Skopje

САРАМАНДОВ: ГЕВГЕЛИЈА СТАНУВА УРБАНА И МОДЕРНА ОПШТИНА

Во синоќешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник’’ гостуваше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Градоначалникот говореше за тоа што наследил кога ја презел општината, но и за реализацијата.

„Се соочивме со КОВИД кризата, немавме многу туристи во тој период, а општината е таква да зависи од туризам. Во поглед на долговите, наследивме околу 84,5 милиони денари, што за нас како мала општина и не е баш мала сумата. Во таква ситуацијата, јас и мојот тим, моравме да се соочиме со предизвиците и да успееме да ги менаџираме кризите. Од денешен аспект сум горд дека Гевгелија е во добра финансиска состојба, во 2024 година имавме рекордна најдобра реализација, 107% на приходната страна и 99% на расходната страна’’, изјави Сарамандов.

Градоначалникот најави и нови проекти кои ќе бидат значајни за жителите на Гевгелија и за нови работни места.

„Во тек е реализација на 2 инвестиции во вид на трговски центри, едниот на површина од 7000м2, на потегот до граничниот премин Богородица и другиот на влезот во градот Гевгелија на површина од 20000м2, се надевам ако се продолжи со ваквата реализација, овие два центри ќе профункционираат и ќе имаме нови 400 вработувања’’, најави Сарамандов.

Тој ја поздрави и одлуката на Владата за финансиска поддршка на општините, за која посочи дека е европски пример. Сарамандов истакна и дека Гевгелија има аплицирано со 2 проекти во првиот, а со 9 проекти во вториот повик од Владата.

„Европски пример за добра соработка помеѓу Владата и општините. Следствено на тоа, ќе има бенефит од повеќе аспекти и реализацијата на овие проекти. Како награда годинава сме град на културата за 2025 година. Има 3 аспекти на реализација на проектите од Владата, прво ќе се зајакнат капацитетите на локалната самоуправа, втора работа од големо значење е за помалите општини како нашата, оваа поддршка од Владата и трета работа, реализацијата на овие проекти ќе донесе за зголемена стопанска активност, а со тоа ќе се придонесе за нови вработувања’’, потенцираше Сарамандов.

Сарамандов ги истакна и дел од проектите кои ги има изработено за време на неговиот мандат како градоначалник.

„Направивме нов парк од 6 илјади метри квадратни, со што добивме прв парк од ваков тип. Реконструирана е спортската сала ДТВ Партизан, изградивме и атлетска патека на барање на нашите сограѓани, изградивме и нова детска градинка, реконструирани се и 3 младински домови, субвенционираме средства за купување на велосипеди, обезбедивме и 2 возила за противпожарната служба, а со помош на Владата ќе ја реставрираме и старата чаршија’’, заврши Сарамандов.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ