Thursday, April 17, 2025
21.8 C
Skopje

САМ СЕБЕ НАПРАВИЛ САМОУТЕПАНСТВО : Груевски – Нема да ги признаеме резултатите од прегласувањето, ниту ќе дозволиме Заев да прави влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на протестот пред ДИК објави проглас кој произлегол од седница на Извршниот комитет на партијата.

„ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел влијание на некои од членовите на ДИК“, рече Груевски.

 Тој апелираше да нема притисоци врз Управниот суд, и најави дека ако овој суд одлучи како и ДИК, тогаш  ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните“, рече Груевски.

– Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика мора да престанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешните прашања на земјата.

Го напуштаме форматот на состаноци со други политички партии со претставници на други држави – рече Груевски.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ