Само Венко Филипче можеше да состави дрим тим од кардиохирурзи од клиниките Жан Митрев, Систина и државна кардиохирургија за првата трансплантација на срце од починат донор во земјава!

0
1122

Професор д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија,  д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“. професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ се дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои вечерва ја прават првата трансплантација на срце во земјава, од починат донор. Операцијата се изведува на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Убедливо овде најголем експерт несомнено е Жан Митрев кој 20 години оперира на срце и е лидер на балканот во оваа област.

Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Станува збор за тешка и ризична интервенција каква досега не била направена во Македонија, поради што ова е голем исчекор за македонското здравство.

Министерството за здравство објави дека во тек се подготовките на тимовите. Донор на срцето е почината пациентка чие семејство се согласило срцето да го добие друг пациент кој веќе долго време чека донор.

Претходно денеска министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук информира дека се поготвува тим во джавната Кардиохирургија кој ќе ја направи оваа сложена интервенција.

– Имаме вечерва трансплантација на срце, имаме донатор, родителите од една почината девојка, а имеме и пациент кој подолго време чека таква операција. Ова се организира на Државната кардиохирургија. Во овој момент се спремаат и во следните часови ќе започне зафатот. Единствен спас за овој пациент да го спасиме е трансплантацијата. Ќе го видиме исходот, со оглед дека сепак е ризичен потег, но очекувам се најдобро – напиша Филипче.