САМОУБИСТВО ИЛИ МАФИЈАТА ПОЧНА ДА ГИ ЧИСТИ СВЕДОЦИТЕ КОИ ВОДАТ ДО ГРУЈО И МИЈАЛКОВ: Сопственикот на Нетпрес пронајден мртов во стан!

0
1098

Четириесетгодишниот скопјанец Коста Крпач, кој претходно беше објавено дека денеска пукаше во комби, од стан во близина на АМСМ, се самоубил, неофицијално дознаваме од полициски извори.

Крпач е сопственик на порталот Нетпрес. Полицијата која насило влегла во станот затоа што никој не и отворал подолго време, го нашла неговото безживотно тело со прострелна рана во градниот кош од пиштол непозната марка. Од МВР велат најверојатно се работи за самоубиство. Други лица не се затекнати во станот.

Пред зградата врие од полиција.

netpres logo

Попладнево околу 13.20 рафалите од огненото оружје кои беа испукани од станот, завршија во комби со скопски таблички на фирмата „Мирновец пиротехника“.

Петседателот Ѓорге Иванов неодамна го аболицираше Крпач, во врска една од „бомбите“ на Зоран Заев, за набавка и мито на израелската опрема за прислушување.

Мактел дознава дека во земјава се влезени околу 10 платени убијци кои треба да ги елиминираат сите оние кои водат до криминализирање на братучедите, Груевски и Мијалков.

Се шпекулира дека се работи за убиство со оглед на тоа што смртта настанала со 4 куршуми а исто така се шпекулира дека Иванов ќе мора да ја повлече аболицијата па мафијата ќе оди со план б а тоа е елиминација на сите потенцијални сведоци кои имаат намера да прозборат!