САМКА ИБРАИМОСКИ: ДОБРО Е ШТО СЕ ПЛАФОНИРА КАМАТАТА И ДОБРО Е ШТО РАСТЕ ПРОСЕЧНАТА И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ДОЛГОВИТЕ!

0
269

Износот на каматата неможе да биде поголема од износот на долгот.

Сите ке се сложиме дека каматата е второ лице на долгот. А каква е ситуацијата со долговите на граѓаните? КАТАСТРОФАЛНА!

Според некои похрабри оценки 150 000 до 180 000 граѓани на оваа земја долговите им се јаже околу вратот. Каматата секој ден го зголемува долгот, секој ден го затега тоа јаже околу вратот на толкав број наши граѓани , kаматата е ставање сол на отворена рана, никој не смее да се помири да стои на страна со оваа состојба.

Мора да се најде решение. Јас како социјален пратеник постојано сум се залагал за ова прашање ,убаво да се бараат решенија со: Одлагање на доспеаност, продолжување на рокови за плаќање ,одлагање на плаќање ,застарување и отписи.

Убаво е што НБРСМ ја намалува референтната стапка ,а со тоа и се намалуваат и каматните стапки. Најдобро е што растат најниската и просечната плата, на нашите граѓани им се подига способноста за плаќање долгови. Но за прв пат во овие 30 години ,се удира на расход на каматните износи ,за прв пат се плафонира нејзината големина. Па се вели Каматата неможе да биде поголема од главината. Така е во земјите на ЕУ , така мора и да биде во нашата држава.

Уште нешто за каматата:

1 Каматата е пасилен доход, или како што велат економистите : не заработен доход
2 Каматата е тесно поврзана со инфалацијата.
3 Огромен број плаќаат камата ,а сосема мал број што наплатуваат ,и по тој основ се префрла доход од едни кон други .

Според законот на облигациои односи постојат :
– Kазнена камата ( до 2010 се викаше затезна камата )
– Договор на камата
– Договорно казнена

Ако не беше ова измена на законот за облигациони односи , ние денес немаше да дискутираме за плафонирање , за ограничување на висина на камата .
Ова е само добар почеток на добра насока .
Моето парламентарно искуство потврдува дека чекор по чекор се стигнува најдалеку, ова е мала победа на граѓаните на крупниот капитал, на финансиските мочници ,над банкарскиот капитал . Дали ова измена важи уназад?
Членот 2 гласи и кажува се што треба
Што преизлегуваат овие одредби од членот 2 ?
Јасно стои ” била ” – тоа е минато време
Јасно стои ” неплатена камата”
Koja камата може да биде неплатена . – па таа што се однесува за минатите години , тоа значи дека ке важи за изминатиод период за тие што не ја платија во изминатите години а ке важии од 1 Октомври 2021 година .

Се е во рацете на Министерството за правда и НБРСМ

Секој закон бара добро управување. Јас се надевам дека ова измена ќе падне во добри раце на Министерството за правда и НБРСМ и на тој начин ќе се остваарат целите на оваа измена. Отписот на камата е многу посложено прашање од оваа камата да не го надмине долгот . Очекувањата се големи но да се надеваме дека ке се најде добро решение .

Има ли негативни импликации и кои се тие ?

Најнапред да се потсетиме дека ова решение – каматата да не го надминува долгот, сме го практикувале се до оној момент кога инфлацијата достигнала засташувачки висини и токму затоа ова решение е врзано за успешноста на манетарната и фискалната политика во контролирањето на инфлацијата .
Ова решение е присутно во доминантен број на Европски земји. со други зборови ова е врачање во нормалноста , негативни импликации за никого нема да има бидејки ова вистинско потврдено решение .
Овој закон се однесува за сите учесници во облигациони односи во членот 2 во законот за облигациони односи стои : ” Учесници во облигациони односи се правни и физички лица”

Дали законот за отписот на камата ќе се одрази на буџетот ?
Да само позитивно ,и корисно за граѓаните кои се помал дел од вкупното население . Сепак сметам дека ова е едно вакво крупно решение е добро и треба да се применува во реалноста

Колумна : Поранешен пратеник Самка Ибраимоски