Поентата ми е дека парите за патни трошоци завршуваат на бензинските, по сервисите и за амортизација на возилото, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија терминот пратеник асоцира на патни трошоци, нагласува пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за Макфакс.
– Немаме службени возила, пратениците сами си ги одржуваат возилата, сами менуваат гуми, сами менуваат опрема, сами ги регистрираат. Владата е попривилегирана – појаснува Лефков, правдајќи ги парите од патните трошоци за пратениците. Тој објасни дека за една година пратениците потрошиле 360.000 евра за патни трошоци, а за еден мандат Собранието ќе потроши од 1,3 до 1,4 милиони евра за патни трошоци, притоа додаде дека со дебатата се бара поефективно решение од тоа што е сега.