САКАМ ДА КАЖАМ: Груевски vs Груевски

0
520

Со сето оружје што го има во рака, Заев седи во ров. Уште чека да го напаѓаат. Се жали дека не било фер. Па не е фер. Животот не е фер, особено во Македонија, кога една партија ги има киднапирано сите делови од секојдневното живеење. Од политика до спорт, од естрада до алтернативна уметност. Помина времето кога се повикуваше на совест, на морал, на етика… Таа приказна заврши лани ова време.

Уште кога за прв пат ги чувме бомбите, видовме каков е моралот и каква е совеста на актерите од власта што ги слушавме во прислушуваните разговори. Демек, после сѐ што чувме, тие ќе се засрамеле. Оти ќе оделе на избори, а реформите не се направени. Како не, бе… Гордана Јанкулоска се спрема пак министерка да биде, а ние за некаков срам зборуваме. Не можеш тоа да го очекуваш од нив. Почни од Груевски, продолжи преку неговите најблиски што ќе му кршеа телефони од глава, па преку оние најниски извршители по месните комитети задолжени за испраќање заканувачки пораки по телефон ако не се оди на митинг или контрамитинг, па сѐ до оние со сендвичите, што ги жалиме дека биле уплашени за платата и за работните места.

Е па никој не е за жалење. За жалење е иднината на нашите деца. Оти нашата иднина си ја запечативме сами. Чекајќи тие од власта да се засрамат.

5.

Груевски вика доста беше. И моли ова да престане. Го разбирам. Нему ова му е веројатно најтешка година во животот. И затоа брза да направи какви-такви избори додека уште го има стапот во рака. Да победи по секоја цена. Макар трчал и сам против себе. Доста беше Специјалниот обвинител да му дише во врат.

Горан Михајловски
колумната во целост прочитајте ја ОВДЕ