Американската војска реализираше грандиозен напад врз трите стратешки најважни нуклеарни објекти на Иран – Фордо, Натанз и Исфахан.
Во своето обраќање до јавноста, американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша операцијата како „спектакуларен успех“. Притоа ги предупреди властите во Иран дека секој можен одговор ќе биде пресретнат со уште поригорозни напади од воздух.
“Нашата цел беше да ги уништиме иранските капацитети за збогатување ураниум и да ја елиминираме нуклеарната опасност која доаѓа од водечката држава спонзор на тероризмот.
Вечерва можам да потврдам дека нападите беа исклучително успешни и нуклеарната инфраструктура на Иран е целосно уништена. Сега Иран мора да се сврти кон мирот, инаку ќе се соочи со уште посилни и полесни напади во иднина, истакна Трамп.“