- Здравствената состојба на сите пациенти кој што лежат надвор од државата како и во нашите здравствени установи до овој момент е стабилна.
Надвор од нашата држава лежат 115 пациенти, во нашата држава 54 пациенти. Ме радува фактот што сите пациенти којшто се примени по здравствените установи се стабилни, но знаете дека во медицината еден плус еден никогаш не се два.
Работиме ден и ноќе посветено за да се грижиме за здравјето на сите наши пациенти.
Шефот на протокол и портпарол при министерството за здравство, Сабри Азири во изјава за Канал 5 во утринската програма ,,Ја сакам Македонија”.