- Поубава реченица од реченицата ,,Те сакам”, е реченицата ,,Тука сум за тебе”. Јас ќе им кажам на нашите граѓани и на нашите пациенти дека ние сме тука за вас и стоиме на располагање, овие се вонредни околности којшто нас ни се случуваат.
Ако можеме да кажеме дека фактот ме радува што нашите соседи се пријавија да нудат помош за нас, тоа е нешто што во овие тешки моменти ни дава сила да бидеме сплотени. Овие се моменти кога нас ни треба солидарност и единство, моменти кога треба да се грижиме за здравјето на пациентите.
Важно е да напоменеме дека сите згрижени пациенти сега за сега се стабилни.
Шефот на протокол на министерството за здравство, Сабри Азири во изјава за Канал 5.