- Според нас здравствените работници го дадоа најдоброто од сега. Овие се вонредни околности, во вакви вонредни околности ние не сме гледале на времето и на саатот.
Кога велам здравствени работници мислам на сите работници кои го сочинуваат здравствениот систем, од администрација до општи работници. Во комуникација со експертите од надвор оваа трагедија може да се случи секаде во светот, имајќи во предвид бројката на повредени и ние како држава и како население добро го менаџиравме ова, се даде се од себе да се пружи за да биде спасен секој еден живот.
Ме радува фактот што нити еден од примените пациенти не е починат, здравствениот систем од првиот ден се организираше, се спремаа тимови се формира кризен штаб со кој бевме во постојана комуникација, резервни тимови кои треба да бидат во готовс да излезат за нашите пациенти.
Според мене здравствените работници се вистинските херои во оваа трагедија.
Шефот на протокол и портпарол при министерството за здравство, Сабри Азири во изјава за Канал 5 во утринската програма ,,Ја сакам Македонија”.