РУСКОСКА : НОВОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕМА ЛОГИКА

0
124

Поранешната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска, во изјава за Алсат вели дека новото одделение што е формирано во рамките на Јавното обвинителство за гонење на тежок криминал нема логика.

Според неа, органот на прогон што треба да се занимава со гонење на организиран криминал е паралелно со Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое функционира како посебен орган на обвинителството.

Русковска додава дека „организираниот криминал“ има доволно обвинители и ресурси за борба против кривичните дела кои спаѓаат во нивна надлежност и дека идејата за нов оддел не е доволно оправдана.

Јавното обвинителство пред неколку дена најави формирање на специјално одделение во составот на ОЈО кое ќе следи тешки кривични дела од тешка и комплицирана природа, од такви за доживотен затвор до дела за злоупотреба на службената положба. Имињата на обвинителите не се објавени иако се поминати неколку дена од соопштувањето на информацијата.