Русковска до Јанева: Вие да мислевте со главата немаше да бидеме во оваа судница!

0
819

Во моментот на судењето за “Рекет” треба да се презентираат снимки од разговори меѓу Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.

Јовановски реагираше дека требало прво да ги чуе овие разговори, бидејќи досега немал таква можност.

Тогаш обвинителката Ивана Трајчева рече дека на дел од разговорите јавноста ќе биде исклучена, бидејќи имало и приватни разговори меѓу Кичеец и Боки 13.

На ова реагираше Јанева која истакна  дека сите снимки треба да ги чуе присутната јавност.

-Бараме да не биде исклучена јавноста. Сите да бидат презентирани јавно, да се види кој нуди рекет, кој нуди поткуп и кој е изманипулиран, истакна Јанева, која посочи дека не дава согласност за исклучување на јавноста.

Тогаш во расправа влегоа обвинителката Вилма Русковска и поранешната колешка Катица Јанева.

Јанева и рече дека требало на време да мисли какви докази предлага, а Русковска и врати: “Вие да мислевте немаше да бидеме во оваа судница”.

Боки 13 пак додаде дека да не била конструкцијата на Русковска, исто така немало да бидат сега во судница.

Судијката Васка Николовска Масевска ги предупреди да се смират, зошто во спротивно ќе ги отстрани од судница.

Овие снимки тајно ги снимал Кичеец.

Судењето е во тек.