„Руски рулет“ во ДПМНЕ на државна сметка, ДПМНЕ се вози на сметка на државата

0
620

На разговорите во Стразбург Груевски патуваше во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ а како членови на партиското раководство и Мијалков, Ставревски, Тодоров, Протугер и Попоски. Целта беше разговори со лидерот на СДСМ и неговите соработници со посредство преставниците на ЕУ. Значи посетета беше партиска а не државна.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Токму затоа е спорно нивното патување на државна сметка, со државниот авион, сместување и престој, а не треба да ја ислкучиме можноста дека си наплатиле и дневници за патување во странство од државните институции. Ако не е така, тогаш ДПМНЕ треба да ја информираат јавноста на чиј трошок патуваа и престојуваа во Стразбург, дали на сметка на партијата. Во спротивно станува збор за злоупотреба на државните ресурси за партиски цели. Уште една потврда дека ДПМНЕ не прави разлика меѓу државата и партијата, туку државата ја сметаат за сопственост на партијата.

Патувањето за партиски цели треба да си го плаќа партијата а не да биде на товар на државните институции. Канцеларката Меркел во Германија, на пример, за да присуствува на состаноците на Европските народни партии, патува и престојува на сметка на партијата ЦДУ а не на државниот буџет. Секако патува со истиот авион од разбирливи причини,но партијата плаѓа за негово користење.

На постоење меѓусебна недоверба во власта упатува тоа што Никола Груевски на разговорите во Стразбург го следеа братучедот Сашо Мијалков, кумот Зоран Ставревски, Никола Тодоров, Мартин Протугер, Никола Попоски… Недовербата е поради можноста Груевски да поднесе оставка во Стразбург како исход од разговорите и во таков случај големиот страв за својата судбина.

Нивното учество  секако дека не е заради нужната потреба за преговорите, туку поради немање меѓусебна доверба. Секој од секого се плаши да не биде издаден. Секако дека и Груевски има причина за страв некој од од неговите соработници, да не го напушти. До сега функционираат според принципот „Сите за еден, еден за сите“. Тешко дека така ќе биде уште долго време.

Стартегија „Руски рулет“

Сега стравот првенствено произлегува од сопствените редови, него од опозицијата. Секој во секого гледа потенцијален „Јуда“.  Владее контролирано-хаотична состојба врвот на ДПМНЕ затоа што немаат стратегија за да се извлечат од оваа состојба и опасноста за нив.

Немаат стратегија која ќе ги убеди нивните подржувачи за да им останат лојални. Токму затоа сега поединечно крои свои планови како да ги избегне последиците за направените дела по падот на Груевски. Уште полошо за нив, што секој ден се зголемува бројот на нивни довчерашни гласачи и подржувачи меѓу граѓаните а кои сега се одалечуваат на секој начин, калкулираат, за да не бидат во иднина поврзувани со оваа власт, или да го фатат последниот воз пред да се случи падот на власта, за да можат да кажат дека го напуштиле бродот пред тој да потоне.

Сепак не треба да ја исклучиме можноста Груевски и неговото тесно друштво, цврсто да опстојат до крајот. Кои ќе издржат до крајот, зависи од капацитетот на секој посебно, да го носи психичкиот товар од неизвесноста од следниот час, следниот ден, неизвесност која може да се спореди само со познатиот ритуал-Руски рулет. Истотака и од капацитетот на нивната совест, да го издржат јавниот срам и презир од граѓаните кој се зголемува со секој изминат ден на власт.

Камикази или меѓусебна пресметка

Груевски вели дека Заев бил камиказа, секако во политичка смисла. Камиказа не е негативен епитет. Овој збор најчесто се поврзува со спремноста на јапонските пилоти да го жртвуваат свесно животот за да ги уништат воените бродови на САД во Втората светска војна.

Камиказа значи „Божји ветер“. Традицијата на самоубиство наместо пораз, заробеништво и јавен срам, била длабоко вкоренета во јапонската воена култура. Таа била една од основните традиции на самурајскиот живот и кодот Бушидо- лојалност и чест сè до смртта.

И во историјата на револуционерната борба на Македонскиот народ многу наши херои се одлучиле да си го одземат животот него да бидат заробени од непријателот. Покрај ваквата саможртва на дел од комитите и војводите, во историјата на ВМРО повеќебројни се меѓусебните убиства заради предавства и ривалста за моќ.

Добро е што авионот не бил принуден да слета во Белизе на пример

Токму поради инцидентот што се случил со владиниот авион, затоа Груевски е најбезбедно да користи комерцијални летови за патување. Истотака е добро државниот авион да не биде на располагање на власта се додека не се разршеи државната криза, затоа што постои опасност тој да биде злоупотребен за дестинации како што се Москва, Белизе или слични на нив.

Претходно имаше слични инциденти со државниот авион баш кога со него се вози Груевски. Истотака имавме неколку гранатирања на владината зграда. Јавноста не беше информирана кои се извршители, нарачатели, мотивите….

Многу диктатори правеле сценарија за обиди за неуспешни атантати врз нив, за несреќи во кои на нив не им фали ни влакно на главата а со цел кај народот да се престават дека животот им е изложен жртвувајќи се за државата или пак да предизвикаат суеверие кај верниците дека сепак нив ги чува некоја натприродна сила-Бог.

Мр.Митко Јованов