РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВЛЕГОА ВО КИЕВ, ВЛАДАТА УПАТИ ПОВИК ДО ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ДА ПОДГОТВИ МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ

0
1305

Првите руски воени единици навлегоа во Киев, соопшти украинското Министерство за одбрана. Руски „саботери“ веќе бие забележани во областа Оболон на север во главниот град, објави Министерството преку Фејсбук. Информацијата се уште не е потврдена од независни извори.

Министерството упати повик до локалното население да подготви Молотови коктели за да дејствува доколку има потреба како и да пријави до надлежните какво било присуство на руска воена техника.

Истовремено се повикува населението да не ги напушта своите домови, стои во соопштението од Министерството.