РУСКА ПРОПАГАНДА НА ВМРОВСКИОТ ПОРТАЛ ИНФОМАКС: УКРАИНЦИТЕ СЕ ФАШИСТИ, ВРШАТ ГЕНОЦИД ВРЗ ДОНБАС, РУСИЈА ГИ СПАСУВА СВОИТЕ ЛУЃЕ ВО УКРАИНА

0
313

На стримот на порталот инфомакс водителите Јанко Илковски, Александар Митовски и Милош Милошевски ја обработија темата војна во Украина.

– Украинците што не се Руси се сите фашисти, вршат генцид врз Русите во Украина, Путин мораше да ги спасува Русите, убиени се над 9000 Руси овие неколку месеци, НАТО ги наоружува фашистите, има хуманитарна катастрофа и мораше некој да реагира.

Вака тие ја објаснија ситуацијата во Украина и практично ја оправдаа воената интервенција на Русија која ја распадна Украина откако прво го присвои Крим сега ги призна Доњецк и Луганс за независни републики, процес кој најверојатно е само привремена состојба веројатно за некое време тие ќе се обединат со мајка Русија.

Инфомакс е портал близок на ВМРО ДПМНЕ,уредникот е чест гостин во вмровските медиуми а сопственичката Наталија Ивчева се вработи како советник на градоначалникот на Кисела Вода за плата од 42 000 денари.

Порталот добива десетици илјади евра од ВМРО ДПМНЕ за време на избори од парите што ги дава ДИК, а неофицијално порталот е помогнат и на други начини од ВМРО ДПМНЕ и бизнисмени блиски на партијата.