РУСИЈА ЈА ПРЕДУПРЕДИ ЕСТОНИЈА ДЕКА ЌЕ ОДГОВОРИ НА НЕЈЗИНИТЕ НЕПРИЈАТЕЛСКИ АКЦИИ

0
600

Естонските власти треба да знаат дека нивното барање за ограничување на бројот на дипломати и персонал на Руската амбасада во Талин нема да остане без одговор, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

-За нас не е тајна дека Естонија е една од земјите кои се најмногу непријателски кон Русија. Русофобијата таму е официјална доктрина, рече Захарова.

Таа додаде дека во исто време Естонија „сака да ги задоволи своите спонзори од другата страна на океанот”.

Министерството за надворешни работи на Естонија денеска соопшти дека Русија мора да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Талин до 1 февруари.

Во соопштението се прецизира дека Русија мора да го намали бројот на дипломати на осум, колку што има Естонија во својата амбасада во Москва