Wednesday, March 19, 2025
-1.2 C
Skopje

РУСИЈА ИЗВРШИ МАСОВЕН РАКЕТЕН И ДРОНСКИ НАПАД ВРЗ ГОЛЕМ БРОЈ ЕНЕРГЕТСКИ ИНФРАСТРУКТУРИ НИЗ УКРАИНА

Помина речиси една недела откако Володимир Зеленски имаше жестока размена на зборови во Овалната соба со Доналд Трамп и Џеј Ди Ванс – средба што поранешната американска амбасадорка Џина Аберкромби-Винстанли ја нарече „несреќна“.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека синоќа Русија извришла масовен ракетен и дронски напад кој првенствено бил насочен кон индустријата за екстракција на гас, пренесува Би-Би-Си. Споре соопштенито на военото воздухопловство, во нападот биле користени 67 ракети, како и 194 дронови.

Од нив, соборени биле околу 30 ракети, една ракета и 100 дронови. Во одбивањето на нападот биле употребени авионите Ф-16 и Мираж 2000. Ова е првпат француските авиони Мираж да бидат распоредени во Украина откако пристигнаа пред еден месец. Помина речиси една недела откако Володимир Зеленски имаше жестока размена на зборови во Овалната соба со Доналд Трамп и Џеј Ди Ванс – средба што поранешната американска амбасадорка Џина Аберкромби-Винстанли ја нарече „несреќна“.

Најмалку 18 лица, вклучително и четири деца, се ранети во синоќешниот руски напад, соопштија локалните власти низ Украина. Засега нема извештаи за загинати. Ова беше првиот таков напад по суспензијата на американската воена помош. Министерот за енергетика изјави дека нападот бил насочен кон енергетската инфраструктура и постројките за производство на гас во Украина.

Во Харкив, вториот по големина град во Украина, осум лица се ранети, а „објект од критична инфраструктура“ и станбена зграда се оштетени, изјави градоначалникот на градот. Во Славјанск, во источниот регион Доњецк, седум лица, вклучително и две девојчиња на возраст од три и четири години, се ранети откако градот бил погоден од две руски лизгачки бомби, изјави шефот на воената администрација на градот, Вадим Љах.

Тој додаде дека околу 30 згради се оштетени или уништени. Официјални лица соопштија дека пристанишниот град Одеса на југот и Харкив на истокот биле изложени на бранови напади кои оштетија енергетска инфраструктура и запалија приватни домови.

Министерот Галушченко предупреди дека снабдувањето со електрична енергија може да биде засегнато и ги повика граѓаните да останат во засолништа „додека трае опасноста“. Според украинскиот јавен сервис Суспилне, експлозија се слушнала во Харкив околу 06:00 часот по локално време.

Извор: Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОЧНАЛЕ САМОСТОЈНО ДА ДИШАТ

Четворица министри од Бугарија и од Северна Македонија ја...

ВО БУГАРИЈА КРВ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СЕ ДАРУВА И ВО ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА АКАДЕМИЈА (ВМА)

Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ