Русија тврди дека ДУИ под притисок од Западот му откажала љубов на нивниот миленик Груевски да состави влада. Тие бараат САД и ЕУ да не се мешаат како во Украина за Македонија да не стане членка на НАТО и на ЕУ
А тоа , за дивно чудо што би рекле ,го бараат и група републикански конгресмени, веројатно под влијание на лобистите кои дебело ги плаќа Груевски со украдените пари.
Штом Ахмети почнале да го бранат Русите тој треба сериозно да се замисли.
А американските конгресмени веројатно не слушнале каков политички монструм и криминалец заштитуваат на Балканот. И време е некој да ги информира за корупцијата, за прислушувањата, за блокадите на СЈО, за неразјаснетите убиства на опозициони новинари и на заштитени сведоци и за тоа дека тие заштитуваат еден балкански Пабло Ескобар.
Тогаш сигурно,ниту за пари од лобистите на Груевски, нема да си дозволат да го прозиваат амбасадорот Бејли и да говорат за некакво немешање во внатрешните работи на Македонија во стилот на Русија.
Нема да си дозволат да ги срамат американските конгресмени.
Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов