Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

РУБИО ГО ПОТВРДИ ДЕ ФАКТО РАСПУШТАЊЕТО НА УСАИД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации.

– Стејт департментот и УСАИД го известија Конгресот за нивната намера да преземат реорганизација, што ќе вклучи префрлање на одредени функции од УСАИД на Стејт департментот до 1 јули 2025 година и елиминирање на другите функции на УСАИД, кои не се усогласени со приоритетите на администрацијата, изјави државниот секретар Марко Рубио. Според него „УСАИД одамна се оддалечи од својата првична мисија“ и побара преориентација на програмите за странска помош.

– Продолжуваме да спроведуваме критични програми за спасување животи и да правиме стратешки инвестиции, кои ги зајакнуваат нашите партнери и нашата сопствена земја, нагласи Рубио. Американскиот претседател Доналд Трамп, веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари, потпиша извршна наредба со која се замрзнува американската странска помош на 90 дена. Голем број вработени во УСАИД веќе се отпуштени.

Замрзнувањето на странската помош предизвика шок и бес во УСАИД, формирана со акт на Конгресот на САД во 1961 година. Годишниот буџет на УСАИД изнесуваше 42,8 милијарди американски долари, што претставува 42 отсто од хуманитарната помош обезбедена ширум светот.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ