РОЈ КИН : ЖОАО ФЕЛИКС Е ,,ЛАЖЕН”, ДА БЕВ РОНАЛДО ЌЕ МУ ВЛЕЗЕВ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА

0
244

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Ирецот Рој Кин влезе во остри критики на Бруно Фернандеш и посебно на Жоао Феликс, нарекувајќи го напаѓачот на Атлетико Мадрид како вистински „лажен“ напаѓач по 1:0 поразот на Португалија од Белгија во осминафиналето на ЕУРО 2020.

Жоао Феликс влезе од клупата за прв настап на ЕУРО 2020, и имаше една шанса во финишот на мечот.

„Навистина ме нервира кога квалитети фудбалери ќе направат таква грешка. Феликс, кога влезе, тој човек е лажен. Потребен си на нацијата… Колку чинеше? 100 милиони фути. Да бев Кристијано Роналдо ќе му влезев во соблекувалната. Навистина шокантно. Феликс и Фернандеш ме полудеа. Самите се виновни за елиминацијата“, вели Кин.