Романската обвинителка Лаура Ковеси се сретна со Катица Јанева

0
1073

Главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија, Лаура Кодрута Ковеси денеска се сретна со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Во текот на денешниот ден во посета на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите беше главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија – Лаура Кодрута Ковеси. На средбата беше разговарано за повеќе теми од интерес на работењето на ова Јавно обвинителство, а воедно беа разменети искуства од аспект на соочување со предизвиците во борбата против корупцијата на високо ниво и потешкотиите со кои се соочуваат институциите при ваквата борба“, се вели во соопштението од СЈО.