Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

РОКАС: РЕФОРМСКАТА АГЕНДА НЕ Е ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ

Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето, истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија.

На прес конференцијата со министерот за европски прашања Орхан Муртезани во Владиниот медиа центар, тој упати честитки што земјава е прва од државите во регионот што го потпиша договорот за инструменти и заеми од Планот за раст и за добрата Реформска агенда.

„Проширувањето е еден од главните приоритети на Комисијата, а Реформската агенда покрај инструментот за претпристапна помош е всушност двигателот со кој што се постигнува таа цел.

Би сакал да бидам јасен, парите што ги даваме денес се дополнување на она што веќе постои. Реформската агенда и распределбата според неа за Северна Македонија е 750,4 милиони евра покрај тековните ИПА програми кои надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање.

Со овие финансиски распределби и јасната политичка поддршка Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето“, нагласи Рокас.

ОВАА НЕДЕЛА

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО НА СОБРАНИЕТО

Објавен е  Јавен конкурс за изработка на заштитен знак...

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: 2252 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ВО ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД, 1018 ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните...

МАНАСИЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДС ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БЛОКАДИ КОН ЕУ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, СЕГА СЕ ДЕМАНТИРАНИ И ОД ЕУ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Димитар...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ