РОКАА БОМБИ ВО СУДНИЦА : „Друже Лаки, ги поебавме во задња минута“, му вели по полноќ Тодоров на Латас!

0
1202

„Падна Струмица. Ги поебавме во задња минута“, му кажува ексминистерот за здравство Никола Тодоров на уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ Латас, за изгласувањето на приговорот на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК со помош на гласот на Бедредин Ибраими од ДПА.

„Друже Лаки…“, му вели Тодоров. „Пала је Струмица?“, го прашува Латас. „Ова е туш. ДУИ и СДСМ гласаа против нас, а ние и ДПА гласавме за нас. Готово. Штама. Има уште 2 приговори“, му кажува Тодоров на Латас на 29 март 2013 година.

Ексминистерот Тодоров го убедува Латас дека соодносот на гласови за гласањето за Струмица и во следните два приговора е 4 наспрема 3.

„Он ќе решава име. Он Кичево го продаде“, му кажува Тодоров на Латас, алудирајќи на Бранко Црвенковски, кој бил на концерт во Виена. „Да не ги влече парите од Кипар преку Виена?“, го прашува Латас, на што Тодоров се смее.

Никола Тодоров му дава насоки на Латас што треба да прашаат новинарите и како да се информира следниот ден во вестите. „Ќе видиш утре што ќе биде. Ова е дебакл. Дали има пазар СДСМ и ДУИ? Второ прашање: Колку е цената?“, му кажува Тодоров на Латас.

„Овие само на Ранковци и Дебарца ќе останат“, кажува Латас.

Случајот „Титаник 2“ е за незаконското прегласување на избирачките места за локалните избори во 2013 година во Струмица. Обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и ексчленовите на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев