РОДИТЕЛИ СЕ ЖАЛАТ ОД СКОПСКАТА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА, ИМ КРИЕЛЕ ДЕКА НОВОРОДЕНЧЕТО ИМА СКРШЕНИЦА НА РАКАТА?

0
384

Од 31. декември до ден денеска, до пред час и половина, ние немавме никаква информација што и како се случува, посочува Благојче Дамјановски.

Tаткото на бебе родено вчера на Универзитетската Клиника за гинекологија(ГАК) за порталот Скопје1 тврди дека од него и сопругата било криено дека новороденчето има скршена рака за што дознале кога за првпат им било дозволено да го видат. Тој тврди и дека кога побарал информации бил избркан од една од сестрите, додека сопругата успеала да го види бебето на пет минути по низа инсистирања.

– Бебето го немаше видено, само на кратко на пет минути, не ѝ го носат да го гледа. Дојдовме да прашаме зошто не даваат да го видиме бебето. Сопругата го има фотографирано со скршена рака. Дури сега, пред час и половина ни даваат информација дека бебето е со скршена рака. Од 31. декември до ден денеска, до пред час и половина, ние немавме никаква информација што и како се случува – посочува Благојче Дамјановски.