Робот што може да биде попаметен од луѓето?

0
1122

Истражувачи од Microsoft и Универзитетот за наука и технологија во Кина изградија машина што има способности за учење и решавање на проблеми кои отсекогаш биле тешки за изведба на компјутерите, пренесува The Observer.

ifwt_robots2

Според објавената студија, тестот содржел три категории на прашања: логични прашања, математички прашања и вербални тест прашања.

На интернет страницата Amazon Mechanical Turk 200 луѓе и новиот компјутер одговарале на исти прашања од категоријата за вербално расудување каде за прв пат компјутерот успеал да постигне подобри резултати од човекот.

Новата метода препознава дали прашањето од текстот се однесува на аналогија, класификација, синоними и слично, додека во втората фаза системот анализира сродни зборови со помош на расудување за да се утврди контекстот.

„Нашиот RK модел може да достигне ниво на интелигенција меѓу луѓе со диплома и луѓе со диплома од постдипломски студии, што укажува на голем потенцијал за вградување на човечкото знаење и формирање на одредена интелигенција“, стои во студијата.

Извор : Кајгана