Ристовски: Зафировски правеше опструкции во изборната кампања, а и сексуално вознемируваше членови на Интегра

0
941

Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски реагира на денешната прес конференција на која Христијан Мицкоски и Воислав Зафировски соопштија дека дел од раководството на Интегра преминува во ВМРО-ДПМНЕ. Ристовски за Фокус вели дека Зафировски бил разрешен минатиот месец поради повеќе причини.
-По повод пресот на ДП*НЕ со поединци кои во најголем дел се разрешени во текот на минатиот месец од членство во Претседателството и Лидерските тимови, од најразлични причини, ИНТЕГРА ве информира дека случувањата се резултат на подолготрајниот притисок од одметнати удбашки структури, кои најверојатно се длабоко вгнездени во ДП*НЕ, а со цел да се стави ИНТЕГРА и нејзиниот лидер Љупчо Ристовски под нивна контрола.

За време на кампањата и претходно бевме сведоци на инвазивна специјална војна против партијата и лидерот Ристовски, која не престана да се одвива и после изборниот датум.

Воислав Зафировски беше разрешен минатиот месец од сите раководни позиции во партијата, вклучително и таа како Претседател на РИШ – Републичкиот изборен штаб, а поради сериозни пропусти и смислени опструкции во изборната кампања 2020, потоа и поради длабоко преминат праг на морална грешка, кој вклучуваше покрај прекршувањето на интерната Заклетва положена со рака врз Библијата и постоење на елементи на сериозни испади кои слободно можат да се подведат под сексуално вознемирување на истакнати членови на партијата, вели Ристовски.

Тој додава дека не е точно дека има вклучување на општински комитети, ниту пак станува збор за `голем дел` од претседателството на партијата.

-Станува збор за неколку исклучени членови од лидерските тимови, дел на нивно барање и во меѓусебен договор, дел по нивна лична одлука и оставено демократско право на избор, но станува збор за неколкумина, кои веќе не се дел од тимовите на Партијата.

Во врска со изнесените лаги и инсинуации на лидерот на ДП*НЕ Мицкоски, истите ќе мора да ги докаже на суд. ИНТЕГРА и Љупчо Ристовски ниту земале, ниту некогаш ќе земат финансии од било кого, заради остварување на било чии туѓи интереси, вклучително и од СДС* или нејзини афилијации, ниту од ДП*НЕ или од било која партија или центар. Љупчо Ристовски е симбол на морален столб и морална доблесност од ранг, но и доволно искусен во политиката за да си дозволи дури и најмал луксуз во таа насока. Финансирањето на партијата е транспарентно и е предмет на јавен увид, пред и за време на изборната кампања 2020, вели Ристовски.