Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

РИСТОВА: НОВ СКАНДАЛ – ПАЗАРОТ ВО НЕГОТИНО ОД 17 ТОНИ ЖЕЛЕЗО ПРИКАЖАН КАКО ,,УРБАНА ОПРЕМА”

Прес-конференција, Лолита Ристова, членка на Извршен одбор на СДСМ

Почитувани,
СДСМ продолжува со разобличување на скандалите и тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ во општините.
Денес откриваме нов скандал со изградбата на затворениот пазар во Неготино.
Иако помпезно го отворија Мицковски и градоначалникот Стојанов, пазарот е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“.
Замислете, градоначалникот Стојанов, на фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ и издал одобрение за поставување на урбана опрема.
17 тони железо, изградени на бетонска подлога од 420м2 со 90 тезги внатре се третираат како урбана опрема?
Зошто е избегнато издавање на соодветно одобрение за градење во соодветна постапка. Особено од аспект на статиката и сигурноста на објектот.
Како е можно два објекти изградени во толкав габарит кој лежи на 17 тони железо да се третира како „поставување на урбана опрема“?
И клучното прашање дали ваквиот објект над главите на неготинчани е безбеден?
Нашата загриженост е оправдана, имајќи предвид дека несоодветно поставување на материјали беа дел од причините за трагедијата во Нови Сад.
Сомнежите околу изградбата на пазарот е и од аспект на финансиски аспект.
Зад проектот повторно стои една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, која редовно добива тендери во општини под нивна контрола, особено со пари од унгарскиот заем.
Проценетата вредност на проектот е 25.960.000 денари, а договорот е склучен речиси за истата сума – 25.914.000. Без конкуренција, без намалување на цената, без домаќинско работење.
На прашањето колку пари на граѓаните на Неготино се потрошени за оваа зделка и дали сумите се реални ќе зборуваме детално во наредните денови.
Ако ова се потврди, ќе биде уште едно кривично дело во серијата сомнителни тендери на ВМРО-ДПМНЕ.

ОВАА НЕДЕЛА

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ГО ПАМЕТАМ ПО ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ УМ, МУДРОСТ, ТОПЛИНА И ЕДНОСТАВНОСТ

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, изрази сочувство за смртта на...

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ВОЛКОВО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ СТОИ РАСКОПАНА – ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ДА СЕ АСФАЛТИРА

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста...

НАЦИСТИЧКИ ЗНАМИЊА СО КУКАСТИ КРСТОВИ ОСАМНАА ВО ШВЕДСКА НА РОДЕНДЕНОТ НА ХИТЛЕР

Новинските агенции јавуваат дека три нацистички знамиња со кукасти...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ