Грешка е да му се одговори и да се падне на тоа негово ниво на однесување, посебно во светло на еднa неуротичност и шизофреност која е евидентна, кога се прави принципиелен коректен професор пред јавноста и зад камерите кога испливуваат неговите најмрачни страни.
Неговата кавга е по принципот навреди на безбедно растојание, па ,,мајка бежанија”, која му ја исполни денешната цел и смисла на постоењето, а тоа е да добие дел од медиумското внимание, нешто кое се заслужува со подвизи, проекти, идеи, визија, програми, принципи, а не со циркуз каков што тој неретко приредува.
Токму затоа и неговата партија е бетонирана на 4.5 проценти рејтинг, како одличен спаринг партнер на СДС и ДУИ, и токму затоа тој е драгоценост која мора да се негува и од тој аспект и кон него изразувам жалење за специфичната состојба во која овој лик се наоѓа и кој секој ден не пропушта да го руши угледот на институцијата.
Сепак, наша улога како пратеници е да имаме конструктивен придонес во креирањето на политики и закони кои ќе овозможат развој и напредок на нашиот народ и држава, а вакви немили настани не дефикусираат од таа суштинска цел. Аман Димче, не плачи. Доста е.
Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.