Рибаро до Серо : Геро бе, ти најде да збориш?! Дај погледни го на што личи твојот Плусинфо последниве месеци

0
963

Јане Ѓорѓиоски со одговор на последниот статус на Бранко Героски.

Еве на што јас се сеќавам:

– Се сеќавам како со специјалци во полна борбена опрема, затвораа најгледана телевизија. Се сеќавам како буквално ги купија безмалку сите национални телевизии. Се сеќавам добро дека пред само две години, на живи новинари им праќаа посмртни венци на домашна адреса. Се сеќавам како Вицепремиер тепаше и бркаше новинар сред бел ден и како обвинители бегаа од изјави низ гаражи и преку тараби.

Се сеќавам како висеа УЈП и сите можни инспекции над критички медиуми и НВО и како безмалку сите национални Телевизии и печатени медиуми имаа забрана да објавуваат ‘бомби’ и содржини од бомбите. Се сеќавам како новинари и сопственици беа пречекувани по темни сокаци и претепувани. Се сеќавам и на ‘сообраќајната несреќа’ кога го убија Никола Младенов, на режираната намештаљка на Томче Кежаровски и како скапа човекот по затвори, а се сеќавам и како на нас неновинарите а гласните, ни стигнуваа закани и инспекции на дневна основа. Да редам ли уште…?

Тоа тешко се заборава, драг Геро. Но ти другар Геро, иако тогаш беше на шиканираната страна, многу лесно сега заборави и навистина се чудам, со каква комоција тој режим тогаш го поистоветуваш со ова сега? Погледни го твојот Плус инфо на што личи последниве денови, месеци, погледни на што ти личат колумните, погледни каков пресврт имаш во публиката.

Зборуваш за закани, за тези и повикуваш на принципиелност, а обвинуваш со цинизам за апологетство луѓе кои искрено веруваат и не забораваат. Не, навистина не можам да те препознаам. Се сложувам дека ова навистина не е тоа за што се боревме, а истовремено силно се притивам и ги осудувам сите вербални и други закани кон неистомислениците, но верувам дека сме на вистинскиот пат и дека ова се сокаците што мора да ги поминиме. Ќе има попатно и ќори уличиња и банкинии, лежечки полицајци и што ти не,(тие што мислеа дека ќе е лесно многу се лажат и уствари тие се најчето разочараните), но мора да го извозиме ова.

Јас не се предавам(!) и имам верба дека ќе победиме. Боли, да, но изгледа ова се болестите што мора да ги прележи една држава за да се ослободи од болните органи и паразитите, кои со години се калемеле, за потоа да остане здраво и прочистено демократско ткиво. Зошто ти не се сеќаваш, драг Геро? Имам верба. Борбата продолжува!

ЕДИТ: После овој пост Геро ме блокира, а претходно ме изнареди со квалификации “гомнар еден”, “лицемер”, бот… читајте коментари за да видите ако не ви се верува. Мене уште не ми се верува.