Sunday, May 18, 2025
13 C
Skopje

РЕЈТИНГОТ НА ТРАМП БЕЛЕЖИ ОГРОМЕН ПАД ОТКАКО СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

Поддршката за претседателот Доналд Трамп падна на најниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, бидејќи Американците покажаа знаци на претпазливост поради неговите напори да ја прошири својата моќ, покажа анкетата на Ројтерс/Ипсос. Околу 42 отсто од испитаниците во шестдневната анкета го одобруваат работењето на Трамп како претседател, што е пад во однос на 43 проценти во анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена три недели претходно и во однос на 47 отсто во часовите по неговата инаугурација на 20 јануари.

Почетокот на мандатот на Трамп ги изненади неговите политички противници бидејќи потпиша десетици извршни наредби со кои го проширува своето влијание врз владините агенции и врз приватните институции, како што се универзитетите и адвокатските фирми. Иако рејтингот на Трамп останува повисок од оној што го имаше неговиот демократски претходник во текот на поголемиот дел од претседателскиот мандат, резултатите од анкетата на Ројтерс/Ипсос сугерираат дека многу Американци не се чувствуваат удобно поради неговото казнување на универзитетите кои ги смета за премногу либерални и поставувањето на челник на Кенеди Центарот, голема театарска и културна институција во Вашингтон.

Околу 83 проценти од 4.306 испитаници изјавиле дека американскиот претседател мора да ги почитува одлуките на федералниот суд, дури и ако не сака. Службениците на администрацијата на Трамп би можеле да се соочат со обвиненија за непочитување на судот поради кршење на налог на федерален судија со кој се запираат депортациите на наводни членови на венецуелска банда кои немале можност да ја оспорат својата депортација. Три четвртини од испитаниците изјавиле дека Трамп не треба да се кандидира за трет мандат, пат по кој Трамп рече дека би сакал да оди, иако тоа му е забрането со американскиот Устав. Мнозинството републикански испитаници, 53 проценти, изјавиле дека Трамп не треба да се кандидира за трет мандат.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ