Фото : СДК.МК
- „Овие финти може ти палат во Прцорек кај што држиш лекции, овде не. Е сега, за хидроцентралите. Точно е, сум работел, сум заработил. Сум оставил данок во Буџетот повеќе од пола милион евра за тоа што сум го заработил. И тоа е јавен податок во УЈП.
Сум работел од метлар, па сè до професор. Што се однесува до мојата сестра, таа повеќе од 20 години води една домашна компанија каде работи како доктор по фармацевтски науки и има огромна пракса. Ад хоминем треба на мене, не на мојата сестра, на моето семејство. Такви како вас сум истрпел илјадници.
Ама кога удирате на моето семејство, јас морам да го бранам. Кукавица како вас напаѓа семејство. Исто како што пратеничката Славјанка Петровска го напаѓаше мојот син“.