Убедлива победа на републиканците на изборите во САД. Освоено мнозинство во претставничкиот дом и целосна контрола на конгресот.
Една недела по изборната победа на доналд трамп која му овозможи уште еден мандат во Белата куќа, неговите сопартијци остварија уште две важни победи кои треба да му дадат на новиот американски претседател, целосна контрола врз двата дома на американскиот Конгрес и одлична можност да ја исполни својата политичка агенда, пред се строга имиграциска политика и намалување на даноците, без да има поголема блокада на демократите
Се уште не седнат во Белата Куќа, Доналд Трамп ги именуваше првите луѓе на најважните институции. Поранешната конгресменка, Тулси Габард, ќе биде директорка на Националните разузнавачки служби додека пак Сенаторот од Флорида, Марко Рубио е номиниран за нов државен секретар на САД.
„Ќе работам секој ден на спроведување на неговата надворешнополитичка агенда. Под водство на претседателот Трамп, ќе донесеме мир преку сила и секогаш ќе ги ставаме интересите на Америка на прво место.“ – Марко Рубио сенатор од Флорида.
Големи контроверзи предизвика изборот на Мет Гец за нов државен обвинител. Изборот на Гец да раководи со позицијата се најде во фокусот поради големиот број на критики на Трамп, кој е обвинет за неколку федерални кривични дела по напуштањето на функцијата во 2021 година.
Новиот државен обвинител на САД ги бранеше лицата кои беа обвинети за нападот на американскиот Капитол на 6 јануари а ја предводеше и иницијативата за смена на претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, со што го парализираше долниот дом речиси еден месец.