Големи куќи, средени дворови, но најголем дел од нив се празни или во нив живеат само повозрасни жители. Ваква е сликата во кочанското село Тркање. Повозрасните жители на селото велат дека младите се иселиле во градовите, или надвор од државата, па веќе ретко некој се занимава со земјоделие и стока. Согласни дека селото е убаво, ама оставено на повозрасните граѓани кои мора да живеат тука.
„И народ нема, претходно имаше народ и работеа, сега нема млади нема кој да работи. Имаме големи куќи ама само старите седеме во нив.“ – велат жителите.
Некогашното корзо веќе го нема, затворен е и ресторанот кој некогаш овде на музика собирал голем број млади. Но, добро е што има продавница и аптека, како и училиште за децата – велат повозрасните жители во ова село.
„Едно време е имало, имаше и ресторан, музика. Младите излегуваат во градот. Добро е што имаме аптека, има и продавница, училиште“ – велат жителите.
Атарот на селото зафаќа простор од 10,8 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште.
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него има продавници и услужни објекти, а во минатото имало земјоделска задруга и фабрички погон.
Извор : Мнет.МК