РЕОБЈАВЕНО ОД АРХИВАТА НА ,,НАРОДЕН ГЛАС” – ЕКСКЛУЗИВНО : КОЈ Е АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ И ЗОШТО ТОЛКУ ЖЕСТОКО ИМ ГО ДУДЛА ПАТЛАКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ?!

0
2227

Овие неколку недели, новата Каракамишева е Александар Пандов!

Го има човекот секаде, во Миленко Шоу, на Сител вести, на трибинните на оние од ГНОЈ здружението, се бендери по планини и го бара тој дедото Љубе во Кратовско, оди на дебати, оди на радио емисии во РСМ познато како БЕЛИЗЕ ФМ, па дури бил виден и како се бендери гол по олуците на Бихачка и лупал по прозорците на канцелариите на Заев и се дерел гласно ШПИОООН ШПИООН!!! Ок се шегуваме за ова последното. Ама и без тоа е доволно жестоко дудлањето на режимот кое го прави овој гласен мунгос.

Но кој е овој човек и што толку го мачи па запнал 24/7 да прави будала од себе и од народот и да брани нешто што не се брани, што сака да помогне зошто му се додворува на режимот, дали се пари или сака да куртули од некоја беља што му виси над глава? Истражувавме и нормално како во секоја добра приказна и овде се работи и за двете!

Но најпрвин да одиме од почеток. Од каде е овој човек од каква фамилија е? Тој е дете на познат очен доктор од Кисела Вода а мајка му била докторка во поликлиниката Букурешт во Карпош. Александар како и секое разгалено и размазено детиште не станал доктор како родителите туку завршил филозофски и потоа се вклучил во политиката. Познато е неговото учество на протестите во 1997-ма:

По овие протести тој на само 25 години станува пратеник на ВМРО ДПМНЕ и со Филип Петровски купуваат мотори Харли Дејвидсон и се возат по партизанска како главни фраери во градот и се чаламат по дискотеките во Скопје. Љубчо Георгиевски за да не му прават штета го праќа Филип како конзул во Њујорк со што го разбива ова опасно дуо а на Пандов му се дава абер да се смири малце.

По падот на Љубчо, Пандов застанува во фракцијата во ДПМНЕ против Груевски и останува во разни фракции се до 2010-та кога се враќа во ДПМНЕ. Во меѓувреме е со Марјан Ѓорчев во неговата Земјоделска Партија, што е голема иронија затоа што тој како градско дете на докторска фамилија нема ни крава видено или мотика, освен на телевизија нормално.

Во меѓувреме тој влегува во многу матни бизниси во Скопје. Едно време е директор на радио РОС во кое се заедно со портпаролот на ДПМНЕ, Александар Бичиклиски. Потоа се зближува со некои руски бизнисмени и станува директор на кладилницата Бет Сити од каде си заминува под многу чудни околности и се шпекулира дека на одење од касата земал над 100 000 евра за што сега се судат со бизнисменот Сергеј Самсоненко кој е газда на кладилниците.

Излегува дека Пандов сега одработува за режимот затоа што се обидува да се спаси од одење во затвор и за да не мора да ги плаќа парите кои наводно ги зел од касата на Бет Сити.

Ова се секако шпекулации и не потврдени информации и ве молиме да ги земете со резерва. Дека Пандов добро се искеширал сиот овој период зборува и фактот кој сега сеуште е на база на шпекулација дека тој градел луксузна вила во Зелениково веднаш до хациендата на Латас!

Инаку тој е поврзан со најклучните олигарси на режимот. До пред некое време тој бил поставен и за директор на кабелската телевизија Канал 5+ на Стојменови.

Тој сега живеел во семејната куќа на татко му, луксузна огромна палата во Кисела Вода и бил оженет со големи деца. Целата оваа срамна одработка за режимот е секако за да се спаси од одговорност за наводната кражба во Бет Сити но и за да заработи по некоја тезга, било да е бизнис или пак некоја функција. Може да се бори и тој за маркица за зграда со која може толку добро да се заработи за потоа цел живот да си го дрви по скопските кафичи. Ако ништо друго тој сега зема пари од учеството во Миленко Шоу, каде секое појавување на емисија се плаќа со 50 евраод човек, но ова е ситница за парите кои ги добива овој режимски пушач.

Филип Петровски пуши за директорската фунција во Лотарија а сега во Државен Архив, Миленко за да си има емисија и да си зема субвенции и да му даваат големи државни пасишта за фармата во Градско си ја одработува ослободителната пресуда за да не оди во затвор за измамата за визите во која украде 200 000 долари, Каракамишева за разните места во сто надзорни одбори, Додовска затоа што ја промовираат како водечи интелектуалац и дадоа и емисија на РСМ, Тони пуши за разните емисии, водење манифестации, дебели плати во театар со рољите кои ги добива и во драми но и на филмови а и во реклами, Мирка си одработува за синот да и го вработат, сега е во култура кај Бети итн итн…

А не е исклучено според она што го откри Петар Гошев, сите овие да се на платен список на влада или пак да си земаат пари на црно на рака од ДПМНЕ, со овој режим сето тоа е во игра! Ова е добро подмачкана машина со многу пари и многу бараби кои се спремни да го дудлаат суптилно до крајници, дип троут!