РЕМЕНСКИ : ☢🚩АФИС-ИТЕ НА ГРУЕВСКИ, ОТИСОЦИТЕ ОД ПРСТИ ЗА ИЗБОРИ НА ДАШТЕВСКИ И ФАЛСИФИКАТОРИТЕ ВО МВР❗

0
652

☢🚩АФИС-ите на ГРУЕВСКИ, ОТИСОЦИТЕ ОД ПРСТИ ЗА ИЗБОРИ НА ДАШТЕВСКИ и ФАЛСИФИКАТОРИТЕ ВО МВР ❗

1️⃣ Државната изборна комисија извести дека Комисијата за јавна набавка надлежна за спроведување на јавната набавка на интегриран систем за идентификација на гласачите (терминали за отисоци од прсти) на 1 Јули 2021 година ќе изврши отварање на пристигнатите понуди по вторпат распишаниот тендер во вредност од 12 милиони евра на кој се пријавиле четири (4) фирми.

2️⃣ Постапката за набавка на хардвер, софтвер, терминали, обука и други неопходни подготовки за воведување на новиот начин на гласање – се уште не може да почне. МВР, кое единствено располага со базата на отисоци од прст, нема законско овластување да даде вакви податоци на ДИК, која потоа би ги внела во електронските изводи на Избирачкиот список. Неопходни се измени на Изборниот законик на барем два члена, со кои, на МВР ќе му биде наложено да ја сподели оваа база на податоци за користење и за обработка. Измените на законот треба да ги предложи Министерството за правда, а да ги прифати Собранието.
Дури потоа ќе може да почне тендерската процедура❗

ℹ Вака изгледаав двете клучни поени од штурите медиумски информации за спроведување на избори со биометриска 🆔️ идентификација на гласачите за првпат во Македонија.

Првата (1) инфомација е Даштевски – претседателот на ДИК, а втората (2) е извадок од изјава на министерот Спасовски❗

🚩Ако тендерската постапка почнала да тече, без да бидат сменети законите за кои зборуваше министерот Спасовски, тогаш прашањето е како е започната тендерската постапка❓

🚩Не помалку важно е прашањето кој ја правел техничката спецификација за набавка на хардверот, софтверот, терминалите и сл., што по правило треба да бидат компатибилни со целокупната хардверска, софтверска и алгоритамска опрема во МВР❓

🛃 Дали граѓаните кои треба да излезат да гласаат на локални избори имаат доволно информации кој и на каков начин ќе управува со нивните биометриски податоци – систем кој по системскиот скандал во МВР со крадење на идентитети во случајот „Двојник“ внесе неополнителна недоверба во заштитата и приватноста на овој уникатен личен податок на граѓаните❓

🛃🆔️ Дали интегрираниот систем за биометриска идентификација на гласачите значи промена на повеќе закони за кои задолжително е потребно европското знаменце (заради ЕУ директивите за управување со биометриски податоци и заштита на личните податоци)❓

⚠️ Додека се тркала упорноста на Даштевски да не убеди дека ќе ги фати роковите да потроши 1️⃣2️⃣ милиони евра (плус 5️⃣ милиони во најава), во експресна судска постапка шалтерки работници кои не ја управуваат базата на биометриски податоци во МВР и не персонализираат биометриски исправи признаа дека направиле нешто што не можеле сами – издале патни исправи на криминалци со краден идентитет.

⚠️ Признаа нешто за што и не биле овластени – да персонализираат лични документи, односно да проверуваат веродостојност на биометриски податоци во базата, да ги вадат од системот и да ги аплицираат во пасош❗

❎ Како и многу работи од високо општествено и безбедносно значење, така и овој скандал остана зад параванот на „затворена судска постапка за јавноста“ од само за Судот познати причини.

ℹ🚩Затоа пак пред некој ден министерот Спасовски го „откри“ фамозниот Оттсек за персонализација на лични документи во МВР, за кој зборував во неколку емисии кога упатував дека тој е клучната алка на одговорност во издаваањето/заштитата на биометриска документација за граѓаните. Тоа беше во времето кога сите зборуваа за проширување на истрагата и на други структрури во МВР во скандалот со кражбата на идентитетите⁉️
Ништо од тоа‼

#️⃣#️⃣#️⃣#️⃣#️⃣📢 И додека упорно се зборува за избори со „отисок од прсти“, за да се зголеми довербата во заштитата на биометриските подаатоци на граѓаните никој не одговори на прашањето:

🚩Дали идентитетите на криминалците со македонски пасоши се избришани од биометриската база или Пекер е уште во базата❓ Или пак, да се даде појаснување 🚩Дали „надградбата на системот во траење од пет дена“ во МВР што го направи застојот во издавање на лични карти и пасоши била „за надградба или за чистење“❓

⚠️ Додека четири фирми се тркаат за тендер вреден повеќе од 1️⃣2️⃣ милиони евра, за околу 20 дена пред официјалното распишување на локалните избори или во „пет до дванаесет“ што би се рекло, Даштевски како „проверен и подобен стручњак“ стои на браникот на одбрана на апсурдната инверзија во која политички западнавме 5 години по парламентарните избори во 2016 година, а тоа е фактот дека еден од условите во Пржино преговорите беше „обезбедување на прочистен и релевантен избирачки список на кој можат сите да му веруваат“‼

⚠️ Пет години по излегувањето на тие избори кои беа оценети како демократски со спроведени препораки за изборна регуларност, дојде време партијата – која ги креираше избирачите од Пустец, пикаше по 50 лица во станови, менуваше имиња и броеви на улици и објекти, вртеше авиони да не слетат гласачи од дијаспора, режираше сообраќајки да попречат гласање, едно ливче да бали итн., – да бара легитимни и легални избори со биометриска идентификација на гласачите, за да може да верува во резултатите⁉️

ℹ🚩Воопшто не ме чуди што Даштевски го застапува тој опозициски став. Тој беше ликот кој што оваа власт не можеше 2,5 години по преземање на власта да го промени од челната позиција на Државната комисија за заштита од дискриминација која се покажа како клучна, а тој како глевен лик на Груевски во обезбедување на пусулче дека бил „политички дискриминиран“ што му обезбеди азил во Унгарија и тоа само 10 дена пред неговото бегство во ноември 2018 година❗
👉Тоа е тој функционален подем кога кормиларот на Титаник ќе те лансира да свртиш уште некое кругче со Титаникот кој го потонаа третпат со разрешувањето на судијата Бошевски🙈🙉🙊

⚠️🚩Груевски пак, беше главниот потписник на одлуките за криминалната (фиктивна) јавна набавка на три Автоматизирани системи за регистрација на траги од папиларни лини (АФИС-и) – еден за Факултетот за безбедност и два за МРТВ во 2012 година❗

ℹ На факултетот без да знаеме „ни го додели“ со Одлука на Влада на 25.12.2012 година, ден по „Црниот понеделник“, за што поднесов и кривична пријава по што бев разрешена од продекан за настава на факултетот.
⚠️🚩Токму тој АФИС како чир, сметководствено обезвреднет, фалсификаторски набавен стоеше неплатен и нефункционален долги години во МВР, додека двата други ОЈО за ГОКК во септевмври 2020 година „реши“ да не ги бара – да го амнестира од криминал Груевски, Тодоров, 8 фалсификатори од МВР и уште многу други❗

🛅 Сигурна сум дека француската фирма Safran Morpho која ги набави АФИС системите во 2012 година за 2,4 милиони евра, ќе биде фирмата која ќе го добие тендерот во ДИК. Од каде знам❓

🚩 Веројатноста за тоа е 9️⃣9️⃣%. Оваа фирма која сега се вика IDEMIA може/треба да понуди компатибилен систем за биометриска регистрација со она на МВР, доколку се сака степен на успешност на процесот, за кој нема никакви гаранции. Гаранциите кои ги нуди фирмата која обезбедува „таблети, терминали за биометриска регистрација и идентификација“ според нивните стандарди мора да моминал извесен процес на тестирање, проверка, усогласување, пилот-проект и обука на сите кадри (избирачки одбори) кои треба (за првпат) да работат на ваков гласачки систем‼

🏁 Ако некој мисли дека, тоа може да се направи во време кога според роковникот на изборни активности на ДИК што се применува од денот на распишување на изборите е невозможно ова да се направи, тогаш сериозно се доведува во прашање текот или оддржувањето на изборите со примана на овој систем❗

ℹ Ако направите блиц проверка кои земји спроведуваат избори со биометриска идентификација на гласачите ќе видите дека тоа се земји од Африка, Латинска Америка (Ерменија, Ангола, Бангладеш, Бутан, Боливија, Бразил, Камбоџа, Камерон, Чад, Колумбија, Конго, Домениканската Република, Брегот на Слоновата коска, Гамбија, Гана, Индија, Ирак, Кенија, Либерија, Малави, Мали, Мозамбик, Намибија, Непал, Никарагва, Панама, Перу, Филипините, Танзанија, Уганда, Венецуела, Јемен, Замбија).
ℹ🚩Во поголем дел од овие земји француската фирма Safran Morpho ги испорачала хардверските, софтверските и техничките решенија и спровела активности за гласање со отисоци од прсти. Но, она што се забележува во овие земји е сосема поинаква општествено-политичка, демографска и безбедносна состојба која опфаќа голем број на жители без документација – без било какви документи за идентификација❗
🆔️🛃Воспоставувањето на биометриски систем за идентификација кај некои од овие земји претставува и првично воведување и управување со биометријата на граѓаните.

ℹ Така на пример, Safran Morpho во 2017 година го обезбедува/воспоставува Интегрираниот изборен систем (KIEMS) кој чинел 34,65 милиони долари за 45.000 уреди (или 770 долари по уред) кој содржи читач од прсти, камера, читач смарт картички, дигитален потпис и двојна SIM која овозможува 2G-3G-4G конекција.
ℹ Компанијата Smartmatic пак, дал под наем Пакет за биометриска верификација на глсачи (BVVK) по цена од 19 милиони долари за една употреба.

👉Заедничко на сите примери кои можам да ги наведам е дека овој вид на системи обезбедува 80% функционалност, додека нема помал процент од 20% во примерите кои покажале проблем во успешностаа на уредите❗

ℹ🚩Ако Safran Morpho/IDEMIA го добие тендерот на ДИК за системот за биометриска регистрација и идентификација, МВР и ОЈО за ГОКК, сакале-не сакале ќе мора да се навратат на темата од која бегаат како „ѓавол од темјан“ – 👉организираното прикривање на организираниот криминал со АФИС-ите и фалсификатот сторен за милионскиот интерес на МВР👈, фалсификаторите и други чинители. Може и Никола Тодоров да им помогне‼

ℹ Да потсетам …, за оваа тема никој не молечеше од 2013 година кога ја поднесов пријавата до 2016 година додека се боревме против режимот на Груевски кој си ги набави системите. Вилма Русковска и тогаш и сега му асистира за подрумско мечирање на отисоците од прсти во кое можете да гласате и без да гласата …, исто како што може Пекер да има пасош со дигитален темплејт (отисок од прст) кој припаѓа на друг граѓанин⁉️

📢 Ако години наназад се зборува за тоа како „не е важно кој гласа, туку кој брои“, да не дојде време да се каже „не е важно кој гласа, важно е кој мечира отисоци“ …

🙊🙉🙈

Фејсбук статус на професорка Фросина Ременски.