
Во случајот „Трезор“ предмет на набавка беа 3 единици на FinFisher, а денес зборуваме за лиценца за испорачани 6 единици од овој шпионски софтвер за упат, кој бил не само дел од опрема во „Сребреното комбе“ за кое говорев нашироко вчера, туку може да служи за генерирање и испраќање пораки со различна содржина (дојави за бомби) без да биде откриена локацијата на господарот на прокси серверот. Ова е средство со кое се напаѓа, а ние немаме дефанзивен систем за одбрана од тие напади и способност да ги откриеме, зошто исклучиво тој што може да нападне го знае и начинот на одбрана.