Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

РЕМЕНСКИ : „ЗЛАТНИТЕ ПАСОШИ“ НОСАТ РИЗИК ЗА КОРУПЦИЈА, КРИМИНАЛ, ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ И РУСКО ВЛИЈАНИЕ

Фросина Ременски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески 

Европската Комисија во годинешниот извештај за нашиот напредок вели дека Македонија треба да се воздржи од праксата на давање државјанства на лица преку економски инвестиции, затоа што тоа носи безбедносен ризик за земјата, ризик за корупција, внес на криминал, финансирање на тероризам, ширење на руски влијанија и дека тоа не е компатибилно со законодавството на Европската Унија, вели во интервјуто за „Слободен печат“ професорката од Факултетот за безбедност, Фросина Ременски.

Од 2013 до 2022 година, во Македонија се издадени 121 државјанство со економски инвестиции до 200 илјади евра, по 12 државјанства по основ на културен и научен придонес и 134 државјанства по спортски основ.

-ОЛЕКСАНДР ОНИШЧЕНКО ДОБИ ДРЖАВЈАНСТВО ПО СПОРТСКИ ОСНОВ, НО ТАА АФЕРА ЗАВРШИ МНОГУ НЕСЛАВНО ЗА НАШИТЕ, УСЛОВНО КАЖАНО – РЕФОРМИРАНИ ИНСТИТУЦИИ. ДА БИЛЕ РЕФОРМИРАНИ, НЕМАЛО ТОА ДА СЕ СЛУЧИ. НА КИПАР ГОЛЕМ БРОЈ БАРАНИ ЛИЦА И ЛИЦА КОИ СЕ НА ЦРНИ ЛИСТИ ВО САД, ЕУ И ОН, РУСКИ И УКРАИНСКИ МИЛИОНЕРИ И ОЛИГАРСИ ОД 2017 ДО 2019 ГОДИНА ДОБИВАЛЕ КИПАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД МИНИМУМ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА. ТАКА ПОЧНАЛО ШИРЕЊЕТО И ВЛЕЗОТ КОН ЕВРОПСКИТЕ ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ЗАТОА ШТО НЕ МОЖАТ НА ПОИНАКОВ НАЧИН КАКО НЕДРЖАВЈАНИ НА ЕУ ДА ГИ ПУШТАТ ВО ПРОМЕТ СИТЕ ОНИЕ ПАРИ НОТИРАНИ КАКО СОМНИТЕЛНИ И ОД СОМНИТЕЛНО ПОТЕКЛО, РЕЧЕ РЕМЕНСКИ.

На кипарската листа на лица што добиле кипарско државјанство, имало и лица кои се бараат по различни основи од земјите од каде потекнуваат.
-СИТЕ ВРВНИ РУСКИ И УКРАИНСКИ ОЛИГАРСИ ФИГУРИРААТ НА ТАА ИНТЕРЕСНА ЛИСТА ВО КИПАР. ТОА САМО УКАЖУВА КОЛКУ НАШИОТ СИСТЕМ БИЛ ПОРОЗЕН КОГА ПРОФИЛОТ НА ОЛЕКСАНДР ОНИШЧЕНКО СО ШЕСТ ВЕРЗИИ НА НЕГОВОТО ИМЕ, КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО И ВЕРУВАЈТЕ НИЕ ОСВЕН ОДЛУКАТА ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ ДРЖАВЈАНСТВОТО, НЕ НАПРАВИВМЕ НИШТО ПОВЕЌЕ.

НЕ НАПРАВИВМЕ ФИНАНСИСКА ИСТРАГА НА СИТЕ ЛИЦА ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕЛИОТ ЛАНЕЦ ЗА ДОБИВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВОТО. ГИ ЗНАЕМЕ МЕКИТЕ ФОРМИ НА РУСКИ ВЛИЈАНИЈА НА БАЛКАНОТ КОИ НЕ СЕ ИСПОЛНУВААТ КАКО ДИРЕКТНО ПОЛИТИЧКО МЕШАЊЕ ОД КРЕМЉ ТУКУ ИНДИРЕКТНО  – ПРЕКУ ВЛЕЗ ВО ЕКОНОМСКИТЕ, ФИНАНСИСКИТЕ, КУЛТУРНИТЕ СФЕРИ И ПРЕКУ МЕЌА МОЌ. ТОА СЕ СЛУЧУВА ПРЕКУ ФИНАНСИРАЊЕ НА КУЛТУРНИ ДВИЖЕЊА, СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ, ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИИ СО КОИ СЕ ВБРИЗГУВА РУСКИ КАПИТАЛ КОЈ ПОНАТАМУ ВЛИЈАЕ НА ЦЕЛОКУПНИТЕ ТЕКОВИ И НА КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ, АКО СЕ ЗЕМЕ ПРЕДВИД ДЕКА И ОДРЕДЕНИ МЕДИУМИ ИМААТ СОМНИТЕЛНО ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ, РЕЧЕ РЕМЕНСКИ.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ