Ременски во Шуто Оризари: Со демократска промена на власта до подобар живот за сите

0
710

Денеска со граѓаните во населба Шуто Оризари, средби остварија Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, придружувана од Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

„Граѓаните се пожалија на исклучиво тешкиот живот и проблемите што ги имаат за добивање на социјална помош. Власта ни го зама лебот, и она малку што го добивавме преку социјалната помош, ни го ускратуваат. Во центрите за социјална помош, имаше примери каде со нас се однесуваа нечовечки“, соопштуваат од СДСМ.

Ременски потенциреше дека во Министерството за труд и социјална политика се правеле бројни злоупотреби.

– Социјална помош добивале луѓе блиски до Груевски и фамилијата, а оние луѓе кои се социјално загрозени, им бараат мал приход за да можат да им ги земат парите кои ги добиваат од социјалната помош. Затоа интервениравме, да ги заштитиме оние на коишто социјалната помош им е најпотребна.По промената на власта, СДСМ ќе ја зголеми социјалната помош, рече Ременски.

frosina-3

Не може да се потрошат 630 милиони евра за споменици а граѓаните да живеат во сиромаштија, без основни услови за нормален, пристоен живот, додаде Ременски.

– Вашата мака не може да се види на медиумите што ги уредува Никола Груевски. Медиумскиот мрак служи за криење на реалноста и создавање лажна слика. Затоа се потребни реформи во медиумите. Јавноста навремено и објективно да биде информирана за јавното мислење да влијае за решавање на проблемите на граѓаните, рече Ременски

frosina-1

Кога се избори доаѓаат, и не заплашуваат да гласаме за ВМРО ДПМНЕ. Бараме подобар живот, за младите нема работа, и лебот го бараат надвор од државата, рече еден од граѓаните на Шуто Оризари. Овде, во Шутка изборните манипулации се најзастапени, тоа не смее повеќе да се случува, додаде друг.

-На Македонија и се неопходни фер и демократски избори. Избори со прочистен избирачки список и слобдни медиуми. Со демократска промена на власта, ќе дојдат промените за подобар и достоинствен живот. Промените ќе случат на фер избори, рече Ременски.