Ременски: Во Заводот за рехабилитација во Топанско има лица кои не се за таму

0
747

По повод одбележувањето на 3 декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски го посети ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле со цел да се запознае со условите во кои опстојува оваа институција.

Таа се увери во лошите услови во кои работи Заводот со што, како што велат од Министерството, се потврдија и поплаките од граѓаните кои имаат блиските сместени во овој Завод.

Условите се далеку од она што треба да им обезбеди на корисниците една држава која себе си се декларира за социјална држава.

– Направена е погрешна проценка од страна на стручните служби и дел од корисниците воопшто не би требало да бидат сместени во Заводот, а други, пак имаат потреба од лекарска помош – рече министерката Ременски денеска по ненајавената посета на ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле.