РЕМЕНСКИ : ВАЊА СЕ ЗАДУШИЛА, ТАТКОТО ОД ПОНЕДЕЛНИКОТ ЗНАЕЛ ДЕКА ТАА Е МРТВА, ПАНЧЕ Е УБИЕН БИДЕЈЌИ ГО ДОЗНАЛ ПЛАНОТ

0
20455

🚩Вистинскиот предзнак за убиството на Вања е СВИРЕПОСТ – пукано во задушено дете кое требало да биде заложник во изнуда во договор со “таткото”❗
Главното прашање што се проблематизираше денес по прес-конференцијата на ОЈО и МВР беше:

🚩Каква врска има убиството со изнудата од користољубие, зошто би била убиена ако немало барање на пари❓

Еве едно студентско криминалистичко објаснување зошто.
➡️ Грабнување на малолетно лице/дете заради изнуда е скоро исто што и земање/држење заложници за изнуда на корист како терористички елемент.

➡️ Ако се точни информациите дека, Вања се задушила во колата со која грабнувачите ја возеле/однеле на локацијата, тогаш пукањето во задушеното дете е ЧИН НА СВИРЕПОСТ познат во правото како најтежок облик на убиство со казна доживотен затвор.

➡️ Ако детето Вања била задушена, во планот на монструмите таа станала неупотреблив заложник со кој не можат да изнудат ништо и затоа никој не барал ништо❗

Во монструозниот план на убиецот и соизвршителите чекорот што го презеле со закопување на телото на детето им било надеж дека, никогаш никој нема да ја најде и нема да бидат откриени.

❌ Најмонструозниот дел од овој план според сите криминалистички златни прашања е т.н., ТАТКО, но не само заради согласувањето сопственото дете да го даде за заложник и да им дојави за најпогодниот момент за негово грабнување во планот за изнуда што го направил со извршителите, туку заради ФАКТОТ што тој ПРВ ЗНАЕЛ дека неговата ќерка е мртва❗

🚩ТОЈ ПРВ ЗНАЕЛ дека нема да може да се изврши изнудата, зошто заложникот, детето е мртво, па затоа и немало барање пари и изнуда❗

🚩ТОЈ ЗНАЕЛ од понеделник – цели 7 дена.

🚩ПО ОВА поставете си го и одговорете си го прашањето КОЈ КРИЕЛ и заради каков “самит” криел❓

Чија монструозност помеѓу овие монструми е поголема здрав разум тешко може да сфати, но во криминалистиката има градација и реконструкција која ги дава сите одговори.

Во сите криминалистички истраги мора да има повеќе верзии/хипотези за настанот, па така и во оваа.

За да може да се поврзе убиството во Велес од страна на истата група, една од можните верзии би била:

🚩”Дали фризерот го дознал/знаел планот за грабнувањето на детето заради изнуда и во него ја гледале опасноста за нивно откривање, па така станал жртва❓”

Тешко може да се поверува дека целта била колата, а мотивот – долг од 500 евра.
Кога голем број поддржувачи на Палевски и тој самиот кукаа јавно дека безбедносните служби ги третирале, работеле, дека тие не планирале никакви убиства, експозиви, оружје и сл., туку дека тие биле невидени патриоти под ѕвездата на Вергина, тогаш сите веруваа во некаква “света мисија” на овие монструми од луѓе, па и пари донираа од дијаспората за нивната “мисија”❗

Очигледно требало да има клиничко посматрање на овие болесници за кои буквата “П” не е Патриотизам, туку Пари и Патолигија❗

Едно од клучните прашања е дали соодветно и континуирано се следат состојбите кај нас на линија на радикален, профитно ориентиран десен екстремизам кој е предворје на тероризмот❓

Ова е прашање за сите институции.

И престанете да се бусате во гради со ѕвездата од Вергина, пароли, знамиња и квазипатриотизам за “никогаш Северна”, зошто овие идиоти им го уништија секаквото значење …,

Веќе ќе ви биде срам кога ќе го видите во чии раце било и како зад “Големиот” патриотизам се криела монструозност и Гол Криминал ❗

Фејсбук статус на проф. Фросина Ременски.