Под влијание на јужно воздушно струење и денес (03.02.2017) продолжува топењето на снежната покривка во Македонија.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Повеќе облачност ќе има во зпадните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд додека услови за провејување на слаб снег ќе има само на највисоките планини.
По котлините ќе биде магливо и ќе има ниска облачност особено во претпладневните часови. Во текот на денот ќе започне да дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Температурата ќе се искачи во интервал од 5 до 12 степени додека во местата каде што има магла и ниска облачност истата ќе остане нешто пониска.
Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ