РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи во Европа

0
312

Термоелктраната РЕК Битола е втор најголем загадувач на воздухот во Европа и најголем во Македонија, покажува проценка за влијанието на производството на енергија од јаглен врз здравствените трошоци на Западниот Балкан направена од европското Здружение за здравје и животна средина (HEAL) објави Дојче Веле.

Според оваа проценка, дури седум од 10 термоелктрани кои се големи загадувачи на воздухот во Европа се на Балканот.

РЕК Битола, според оваа проценка годишно испушта околу 2.700 тони ПМ 2,5 честички во воздухот, што ја става веднаш зад термоелектраната „Косово А“ во близина на Приштина.

РЕК Битола е во европскиот врв и според емисијата на сулфурен диоксид СО2, со околу 67 илјади тони годишно.

Проценките се дека штетите врз здравствениот систем во Европа поради штетните супстанци кои ги емитува Македонија изнесуваат помеѓу 256 и 720 милиони евра годишно.