Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра. Тоа е е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и е рекорд во изминативе дваесет години, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, соопшти утрово премиерот Христијан Мицкоски.
„Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра. Тоа е е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и е рекорд во изминативе дваесет години. Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани“, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда, заедно за работа која носи дела, порача Мицкоски.