Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

РЕКА ОД ЛУЃЕ ПРЕД САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА ВАУЧЕР ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ

Министерството за енергетика денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клима уреди. Доделувањето е најавено од 9 до 17 часот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Мерката, како што велат надлежните, е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето. За мерката се избрани апликации на вкупно 6.182 домаќинства, а средствата во висина од 23 до 25 илјади денари ќе бидат обезбедени преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Во останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ. Граѓаните, сепак, ќе имаат можност ваучерите да ги подигнат до крајот на месецот до кога всушност и истекува рокот за нивна реализација.

Фото: СДК.МК

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ