РЕЗЕРВИТЕ СЕ ПРИ КРАЈ! ДОКТОР ЛАЗАРОВ СО АПЕЛ ДА СЕ ДОНИРА КРВ ВО ГОБ „8-МИ СЕПТЕМВРИ“

0
131

Доктор Ненад Лазаров, на својот фејсбук профил, сподели апел за донирање на крв, потенцирајќи дека резервите се при крај.

– Ве замолувам сите вие кои сте крводарители или сакате да станете, кој кога може во работно време прва смена, да дарува крв во ГОБ „8-ми Септември“ со оглед на зголемениот обем на работа на болницата заради затворањето на сали на Клиники. Не е итно да виси живот, но резервите се при крај! – објави познатиот доктор.

– Ве молам да покажеме врвна хуманост и да даруваме нешто што значи живот, додава тој.